Соопштенија

Сите соопштенија од страна на органот, информации до јавност, медиуми и сите општи облигаторни информации
Соопштенија
  • 04.06 2025
    Ве известуваме дека утре, четврток, 5 јуни 2025 година, со почеток во 10:00 часот, во просториите на Клубот на пратеници, ќе се одржи првата годишна конференција во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, под наслов „Заедно за одржлива животна средина“, по повод Светскиот ден на животната средина.
  • 28.05 2025
    Ве информираме дека утре, четврток, 29 мај 2025 година, со почеток во 09:30 часот, првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, г. Изет Меџити ќе учевствува и ќе има обраќање на 6-та меѓународна конференција „Патот до одржливо управување со отпад“, во организација на Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (MaSWA).
  • 14.05 2025
    15.05.2025, четврток, со почеток во 12.00 ч., во Чаир, првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити во придружба на градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу, ќе присуствува на започнување на градежните работи за реконструкција на водоводниот и канализацискиот систем во населбата Дижонска, во вредност од 88 милиони денари, владин грант
  • 06.05 2025
    Информација за одржување на јавна расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проект - Експлоатација на јаглен од наоѓалиштето во Живојно со површинска технологија во општина Новаци, за потребите на инвеститорот АД “ЕЛЕКТРАНИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“ од Скопје
  • 30.04 2025
    Ве известуваме дека Министерството за животна средина и просторно планирање обезбеди учество на нашата земја во сите повици во рамките на ЕУ програмата LIFE.
  • 29.04 2025
    Во Министерството за животна средина и просторно планирање, секојдневно активно работиме на носење и усвојување на клучни закони кои ќе донесат долгорочни решенија за чист воздух, чиста вода, заштита на природата и модерно управување со отпадот.
  • 15.04 2025
    Ве известуваме дека утре, среда, 16.04.2025, во 11.00 часот, првиот заменик претседател на владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити ќе врши увид на актвиностите за изградба на речното корито на водотекот Голем дол во село Оризари
  • 08.04 2025
    Ве известуваме дека утре, 08.04.2025, вторник, со почеток во 11.00, во Медиа-центарот на Владата на Република Северна Македонија, првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити ќе оддржи прес конференција по повод објавата на Јавниот конкурс за распределба на средства од Програмата за инвестирање во животната средина за 2025 година
  • 03.04 2025
    Министерството за животна средина и просторно планирање, преку проектната канцеларија за неразградливи органски загадувачи (POPs) е во фаза на имплементација на проектот „Зајакнување на националните капацитети за имплементација на Минамата конвенцијата за жива со фокус на изработка на стратегија за процена на локации контаминирани со жива“.